среда, 11 ноември 2026
Најново

Најмалку 45 мигранти загинаа во близина на брегот на Калабрија

Бродот со мигранти што денеска потона на југот на Италија, кај источниот брег на Калабрија, го напуштил Измир пред три или четири дена, изјави Мануела Кура, претставник на покраинската влада, наведувајќи дека превезувал луѓе од Авганистан, Пакистан и Сомалија.

„Според преживеаните, во бродот имало од 140 до 150 луѓе“, изјави Кура.

Таа додаде дека 45 мигранти загинале, 81 преживеан стигнал до брегот, вклучително и 22 кои сега се во болница. Повеќето од преживеаните се од Авганистан. 

Поврзани вести