Најнова вест: Шампионите на Европа ќе слетаат во Скопје во 18:50

Златните момчиња ќе слетаат во Скопје во 18:50 часот. Со посебен чартер лет финансиран од Град Скопје тие попладне поаѓаат од Келн во 16:30 часот, а во Скопје треба да слетаат во 18:50, објави градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.
– По мое барање и предлог, советот на Град Скопје ќе гласа ракометарите на шампионскиот Вардар да бидат донесени дома со посебен чартер лет, финансиран од Град Скопје! Поаѓаат од Келн попладнево во 16:30. Слетуваат во Скопје во 18:50. Да ги пречекаме достоинствено нашите европски шампиони. Без делби и поделби.
Спортот обединува.
Се гледаме вечерва на градскиот плоштад “Македонија”, објави на Фејсбук градоначалникот Шилегов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.