Најнова состојба со пожарите: Седум се активни, два изгаснати

На ден 24.07.2025 година, се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои: 7 се активни, 3 се под контрола, 2 се изгаснати.

АКТИВНИ (7):

1. Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)

2. Општина Прилеп – с. Бешиште, место викано Бешишки Рид, крак кон с. Градешница (мешана шума)

3. Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума)

4. Општина Македонски Брод 1 – помеѓу с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)

5. Општина Македонски Брод 2 – с. Грешница (мешана шума и сува трева)

6. Општина Македонски Брод 3 – с. Латово (мешана шума)

7. Општина Македонски Брод 4 – с. Црешнево (ниска вегетација)

ПОД КОНТРОЛА (3):

1. Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)

2. Општина Македонски Брод – с. Латово, место викано Маркова Стапалка (грмушки и сува трева)

3. Општина Штип – с. Драгоево и с. Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева)

ИЗГАСНАТИ (2):

1. Општина Чучер Сандево – кај далеководите (мешана шума)

2. Општина Куманово – с. Речица (ниска вегетација)

Пронајдете не на следниве мрежи: