Високиот член на Хамас, Ајман Јунис, наводно е убиен во израелските напади врз Газа, кои беа започнати како одговор на нападот на палестинските милитанти во саботата.

Телото на Ајман Јунис, наводно, било извлечено од урнатините во неделата, откако била гранатирана неговата куќа во бегалски камп во центарот на Газа, соопшти Агенцијата за цивилна заштита на Газа.
Видеата од овој напад беа објавени на социјалните мрежи, но тие не беа официјално потврдени, па затоа не беше ниту потврдено од официјални извори дека Јунис загинал во гранатирањето.
Да потсетиме, во саботата наутро беа лансирани проектили од Појасот Газа насочени кон јужен и централен Израел. Ова доведе до активирање на сирените за воздушни напади во многу градови и населени места во Израел. На оваа закана веднаш реагираше израелската војска и извести дека извршиле воздушни напади врз Појасот Газа.
Нападите се случија само два часа откако терористичката организација Хамас од Појасот Газа изврши ненадеен ракетен напад врз Израел.
- Google подготвува револуција: Gemini Live наскоро ќе работи без интернет
- Полицаец се запали по напад со молотов коктел, снимка од протестите во Франција
- Европската комисија застана зад Туск: Бара од полскиот претседател да одобри именување нови судии
- Излезноста во Брвеница до 9 часот е 3,98 отсто: Гласале 646 граѓани
- Хари и Меган во паника: Темни тајни од палатата излегуваат на виделина – Оваа жена е виновна за сè


