Најпознатата Жена мачка објави фотографии што ќе ве натераат веднаш да почнете со вежбање

Минатата година за Хали Бери (53) беше обележана со фитнес. Актерката цела 2019 година ги споделуваше своите совети за тренирање и исхрана.
Сега таа реши да ги потсети обожавателите зошто овие две работи се предност за здравјето и среќата што зрачи од секоја нејзина фотографија.
„Благодарам што бевте со мене на оваа платформа. Го ценам секое посебно чувство што го добив од сите вас. Среќна 2020 година “, напиша таа, објавувајќи девет фотографии кои привлекоа најголемо внимание кај корисниците на Инстаграм.


Од прославувањето на нејзиниот 53-ти роденден без градник со фотографии од интензивните подготовки за филмот „Bruised“ поради кој стомакот го доведе до совршенство, секоја крие некоја посебна приказна.
„Бесмртна си“ и „Благодарам што нè мотивираш“ се само некои од пораките што следуваа.
Тајната на нејзиниот изглед се кружните вежби, но и кето диета која е наведена на списокот на најпопуларните во 2019 година.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.