Најпосакуваните на врвот – Доделени наградите на Златно Тркало 2022

Во постпразнично издание, во вторник (26.04.2022), во присуство на голем број претставници од автомобилската индустрија во Македонија, најпосакуваните автомобили беа ставени на пиедестал и беа во главен фокус на најдоброто од македонскиот пазар во склоп на традиционалниот Избор за најпосакуван автомобил во земјата, „Златно тркало 2022“.Во склоп на годинешното издание на изборот „Златно Тркало“, учествуваа 16 врвни автомобили, кои креираа повеќе од 12.000 гласања, коишто ги одредија најпосакуваните во вкупно 5 категории.Златните статуетки беа доделени на 5те најпосакувани автомобили, односно:  
1.      Најпосакуван градски автомобил – Peugeot 308,
2.      Најпосакуван семеен автомобил –  Kia Sportage,
3.      Најпосакуван електрифициран автомобил – Volkswagen ID.4,
4.      Најпосакуван премиум автомобил – Porsche Taycan Cross Turismo,
5.      Најпосакуван автомобил во Македонија – Volkswagen ID.4.
Изборот е основан од најстариот автомобилски македонски медиум, Авто Плус, а во функција на организатори и презентери на моделите се јавуваат, Авто Плус, CAR club mk, Cars by Vik и RPM mk, кои од следната година ќе се прошират и со нови медиуми

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.