сабота, 14 ноември 2026
Најново

Најсиромашниот претседател на светот ја одби дури и пензијата

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Поранешниот претседател на Уругвај, Хозе Мухика, изјави дека не сака да прима никаква пензија на основ на својот сенаторски стаж, пренесува Би-Би-Си.
Мухика во вторникот даде оставка од сенаторското место.
Мухика го нарекуваат „најсиромашниот претседател на светот“, а беше сенатор во уругвајскиот парламент од 2015-та година кога го заврши својот петгодишен претседателски мандат.


83 годишниот Мухика е поранешен герилски водач кој повеќе години бил во затвор, во писмото најави дека се повлекува поради лични причини и објасни дека не сака да остане во Сенатот до крајот на 2020 година, затоа што е „уморен после долгото патување“.

Поврзани вести