Најскапата патарина во Македонија ќе чини 100 денари

Со одлука на Владата, од следната недела и официјално ќе биде пуштена во употреба и првата од двете патарини на автопатот Демир Капија-Смоквица. Ќе чини најмногу од сите патарини кои сте ги плаќале до сега или рамно 100 денари.
На втората патарина на истиот овој автопат која треба да почне со наплата следната година, ќе треба да платите 80 денари.
Па кога ќе пресметате и ќе тргнете на пат од Табановце до граничниот премин Богородица, ќе треба да подготвите 340 денари само за патарина.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.