Најскапиот пентхаус на сите времиња во Португалија припаѓа на Кристијано Роналдо – погледнете го

Кристијано Роналдо купил нов стан од седум милиони евра и така го поставил апсолутниот рекорд во Португалија.
Позната е и точнта адреса на станот, па така Португалците објавиле дека тој ќе живее на адресата Касиљо 203 во квартот Avenida de Liberdade. Португалецот победил на аукцијата која ја добил во трката со двајца други милионери.
Од станот на Кристијано Роналдо на дланка се гледа Лисабон, а се протега на 399 метри квадратни. Во новата резиденција на Кристијано има и теретана, но и базен на врвот на зградата додека пак популрниот Португалец очекувано живее во пентхаус.


Станот има сауна и три спални соби. Тој и Џорџина ќе бидат во една соба додека пак четирите деца ќе мора да ги споделат останатите две соби.
Новиот стан е во близина на паркот Eduarda Sedmog кој пак се наоѓа во близина на квартот во кој Кристијано како скромен играч на Спортинг ги поминл скромните денови од неговиот живот.
Дел од парите за купување на овој пентхаус ги добил од продажбата на мадридската вила на Пепе, соиграч од репрезентацијата за 2.5 милиони евра.
Се прценува дека Роналдо има богатство над половина милијарди евра, а само минатата година заработил 150 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.