Неодамнешна студија спроведена од германски и швајцарски истражувачи откри кога луѓето доживуваат најголема среќа во животот.
Истражувањето, во кое учествувале повеќе од 460 илјади луѓе ширум светот, покажало дека среќата варира во текот на животот, достигнувајќи врв во одредена фаза.
Кога среќата е на врвот?
Иако среќата опаѓа во текот на адолесценцијата поради физички и социјални промени, вистинскиот врв на среќата доаѓа околу 70-годишна возраст. Во овој период, позитивните емоционални состојби почнуваат да преовладуваат над негативните. Сепак, по 70-годишна возраст, има постепено зголемување на негативните емоции, сè до 96-годишна возраст.
Влијание на надворешни фактори
Студијата истакнува дека среќата не е само резултат на возраста, туку е под влијание и на надворешни фактори како што се физичката активност, социјалните односи и финансиската стабилност. Иако овие наоди се корисни, тие не се конечни бидејќи среќата може да варира од личност до личност.
The post Најсреќните години од животот: На оваа возраст, луѓето го доживуваат врвот на позитивните чувства appeared first on Во Центар.



