Најстудено утро во среда

Циклонот Невен кој неодамна ја зафати државава ќе донесе снег во поголемиот дел од државава и тоа во четврток, токму ова е поради студениот воздух кој е во склоп со овој циклонски систем.
Во четврток се очекуваат врнежи претежно од снег во поголемиот дел од државава.


Снежната покривка на повисоките места и на планините се очекува да се зголеми за 10 до 20 цм, локално и за повеќе додека услови за снежна покривка ќе има и на некои од пониските места.
Инаку утрешното утро, а особено утрото во среда ќе биде многу студено кога минималните температури ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени додека на планинските места со поголема надморска височина дури до околу па и под -15 степени.
Максималните дневни температури ќе бидат најниски токму во четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од -3 д 0 степени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.