“Најтешко ми е да кажам колку деца имам”

“А колку години имаат останатите две?”, весело ме прашува продавачката или сосетката, медицинската сестра или мајката која ја запознав во паркот, не знаејќи дека тоа ми е најтешкото прашање на кое треба да одговорам.
И во тој момент морам да одлучам што ќе кажам за смртта на моето првородено девојче.
Треба ли да споменам дека имав три деца или само да кажам дека имам две? Ќе се чувствувам ли лошо доколку се преправам дека таа не постоеше? Требаше ли воопшто да споменам дека имам три деца? Да кажам дека таа денес би имала три години? Или само да кажам дека имаат три и две години?


Дали мојот соговорник тоа воопшто сака да го знае? Сите тие прашања ми поминуваат низ глава секој пат кога некој ќе ме праша колку деца имам.
Тешко е. Знам дека не сум единствена и дека многу семејства ја имаат истата дилема. Три години се борам со ова прашање на љубезните странци. Со текот на времето сфатив дека нема ни точен, ниту погрешен одговор.
Понекогаш е едноставно претешко да зборувам за неа. Научив и дека не треба да се чувствувам лошо доколку не ја споменам. Таа знае дека засекогаш е во моето срце и тоа нема да се промени сè додека дишам. Во последно време станав похрабра и сфатив дека има нешто посебно во споменувањето. Сила во искреноста, сила во храброста да се отворам дури на странци, но и сила да го напишам сето ова и да им помогнам на останатите кои се борат со истиот проблем.
Затоа вдишувам длабоко и велам: “Имаме двегодишен син и мал ангел на небото кој би имал три години”.


Луѓето најчесто се шокираат и велат дека им е жал, а некои само ја менуваат темата. И тоа е во ред. Сепак, понекогаш се случува да видам нешто на лицето на соговорникот, како да сака да додаде нешто.
Истиот тој момент кој и мене ме мачел.
И тогаш вели: “И јас го изгубив детето”. И тука двете души се поврзуваат.
Тоа се моменти кои нешто значат. Мајката која го изгубила бебето да се чувствува помалку осамено. Да шири љубов кон друго суштество, макар тоа да е само странец во пропратен разговор. Во тој момент срцето ми се чувствува подобро”, напишала мајката.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.