Најубавата жена за 2019-та година изгледа неверојатно и без грам шминка

Магазинот „People“ оваа година за најубава жена на светот ја прогласи актерката Џенифер Гарнер, која сега докажа дека дефинитивно ја заслужила таа титула.
47-годишната актерка со својот изглед мами воздишки на секој настан на кој се појавува, и тоа без многу труд и шминка.
А за тоа дека е природна убавица, потврдила на најновите папарацо фотографии.


Џенифер е фотографирана додека шетала низ Лос Анџелес без грам шминка со шолја кафе во рака, со коса врзана во низок реп и во лежерна дневна облека со широка маица, фармерки и патики.
Иако била ненашминкана, актерката не се сокривала од папараците, бидејќи и во ова опуштено издание изгледа апсолутно беспрекорно и дури ѝ се насмевнала на камерата.
На актерката ова не ѝ е првпат да е фотографирана без шминка, напротив, ненашминкана ја красела и насловната страница на магазинот „People“, кога била прогласена за најубава жена на светот.
Неодамна папараците ја фотогафирале и со акна на лицето, која не се потрудила ниту да ја сокрие со пудра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.