Најубавото љубовно писмо на сите времиња!

Живееме во модени времиња каде што се губи вредноста на пишување на љубовни писма, каде што заљубените ќе си ги изразуваат своите емоции. Сега се е сведено на смс пораки, мејлови, четување на Скајп и Фејсбук. Виртуелна љубов. Но, времињата се менуваат, се менува и начинот на изразување љубов.
Пишувањето љубовни писма е своевидна уметност сама по себе. Низ текот на вековите се напишани прекрасни љубовни писма од кои повеќето се зачувани и до ден денес служат за восхит, но и инспирација. Пред извесно време, за најубаво љубовно писмо на сите времиња беше изгласано писмото што легендарниот музичар Џони Кеш и го има испратено на својата сопруга Џун за нејзиниот 65-ти роденден.
Инаку Џони и Џун се венчале 1968 година и биле заедно повеќе од 30 години. Џун почина во 2003 година, а само неколку месеци подоцна почина и Џони Кеш. Во продолжение прочитајте го прекрасното писмо.
„Среќен роденден, принцезо.
Старееме и се навикнуваме еден на друг. Исто размислуваме. Си ги читаме мислите еден на друг. Знаеме што другиот сака, без да прашаме. Понекогаш еден на друг си одиме на нерви. Понекогаш се земаме здраво за готово.
Но, понекогаш, како денес, размислувам за се и ми станува јасно колку сум среќен што го поминав животот со најдобрата жена којашто сум ја запознал. И се уште ме фасцинираш и инспирираш. Ме поттикнуваш да бидам подобар. Ти си објектот на моите желби и главната причина за моето постоење. Многу те сакам.
Среќен роденден, принцезо.
Џон“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.