На аеродром во Москва авион прегази човек

Денес откако слета на аеродромот „Шереметјево“ во Москва патнички авион прегази маж кој починал на самото место, соопшти претставникот за медиуми Ана Захаренкова.
„Патничкиот авион кој пристина од Атина слета на пистата и додека се местел посадата пријавила судар со неидентификуван објект. Потоа е пронајдено тело на човек чија облека и лични работи биле расфрлани наоколу“, соопшти Захаренкова.
Мажот е идентификуван и за инцидентот е известена полицијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.