петок, 27 ноември 2026
Најново

На буџетот му недостигаат пет милијарди долари за воени трошоци

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај


Украинскиот министер за финансии: На буџетот му недостигаат пет милијарди долари за воени трошоци

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На државниот буџет на Украина му недостасуваат пет милијарди долари потребни за воени трошоци, изјави денеска министерот за финансии Серхи Марченко во интервју за радиото Хромадске.

Според него, откако САД го усвоија долгоочекуваниот пакет помош од 61 милијарда долари, новите средства ги покриваат социјалните и хуманитарните трошоци на Украина.

-Во пракса, имаме голем фискален проблем, нерешеното прашање со воените трошоци, тврди тој.

Украина во изминатите шест месеци доби минимална воена помош од своите партнери, што, според министерот, го оптоварува буџетот во однос на дополнителни воени расходи, пишува Киев Индипендент.

-Во моментов мислам дека можеме да зборуваме за цифра од околу пет милијарди долари. Размислуваме како ќе го покриеме дефицитот во блиска иднина, истакна министерот.

Како што рече во април министерот за стратешка индустрија, Александар Камиши, буџетот за одбрана на Украина од 40 милијарди долари за оваа година вклучува шест милијарди долари за набавка на оружје.

На крајот на март Киев доби заем од 1,5 милијарди долари од Светска банка.

Поврзани вести