На Вељко му припадна честа да го исполни нашиот договор- Анастасија прв пат се огласи за името кое ќе го носи нејзиниот внук

Анастасија Ражнатовиќ (21) за српски Телеграф вели дека е во одличен однос со снаата Богдана Родиќ со самиот факт што неизмерно се радува дека во 2020 година ќе стане тетка.
Анастасија и Вељко уште пред да се ожени нејзиниот брат и да дознаат дека чека машко дете како деца се договориле нешто кое Вељко ќе го испочитува.
-Вељко и јас како деца се договоривме дека било кој од нас двајца прв да добие син ќе му го даде името Жељко. Бидејќи тој ќе добие син пред мене, нему му припадна таа чест да го оствари договорот, вели Анастасија.


Инаку за потсетување Анастасија ги запознала неа и нејзиниот брат.
-Вистина е јас ги запознав Вељко и Богдана. Јас неа ја сретнав во Копаоник не ни ја знаев тогаш, само и пријдов и и реков дека е убава. Јас мислам дека ти си за мојот брат супер девојка, тој е луд и мора да се смири, ти си вистинската, тоа и го реков. Потоа таа рекла дека не го знае нејзиниот брат, а откако ги запознала таа го одбила. Тој беше дигнат бидејќи беше навикнат секоја девојка да му паѓа под нозе. Откако следниот пат ги споив неа и реков да ја спушти топката хахах. Од тогаш се бакнаа и не се одвоија, вели пејачката за српски Телеграф.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.