На границите без задржување освен на “Богородица“ каде се чека 30 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, освен на ГП Богородица каде времето на чекање е околу 30 минути, информира Автомотосојузот на Македонија.
Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по суви коловози. Поради одрони на патниот правец Кочани – Македонска Каменица кај село Истибања, сообраќајот се одвива по една коловозна лента.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.