четврток, 12 ноември 2026
Најново

На граничниот премин Богородица се чека десетина минути

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На граничниот премин Богородица денеска за излез и за влез во земјава се чека десетина минути, соопштија од дежурната служба на граничната полиција.
Толку време им е потребно на граничните органи да ги обават задолжителните формалности и патниците да го продолжат патувањето. Ваквата релаксирана состојба, велат дежурните на Богородица, веројатно се должи на фактот што само четврток е неработен ден па поради тоа во голема мерка изостануваат македонските туристи.


Ниту во раните утрински часови немало налет на поголем туристички бран, но за секој случај нашите погранични работници се екипирани да бидат ефикасни и во поголема гужва.
На грчката страна од границата исто така нема поголемо задржување од петнаесетина минути што се смета за нормално во екот на туристичката сезона

Поврзани вести