На Гумење: Коњаници се степале со крушевчанец, полицаец пукал во воздух за да ги смири

Пет лица кои дошле во Крушево со коњаницата од скопско Лисиче, ноќеска околу 2 часот се степале со крушевчанец на Гумење.
Според пријавата тепачката ја забележал полицаец кој патролирал таму. Од една страна бил крушевчанецот, а од друга страна биле петмината членови на коњаницата кои се удирале со раце и нозе.
За да ги смири полицаецот од службениот пиштол испукал еден предупредувачки куршум и тепачката престанала.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.