Зголемувањето на нивото на морето поради климатските промени ќе ја чини Европа 872 милијарди евра до 2100 година. Најзагрозени области се делови од Италија, Франција, Холандија, Данска и балтичките земји, се вели во студијата објавена во научното списание Scientific Reports.
Резултатите од студијата сугерираат дека е неопходно да се воведат економски мерки за регионите на кои им се заканува пораст на нивото на морето, велат авторите на студијата.
- Кина ја плаќа цената на недостигот од гасТечниот природен гас (LNG) моментално ја чини Кина повеќе од… Read more: Кина ја плаќа цената на недостигот од гас
- Путин ѝ порача на Европа: „Кој копа дупка за друг, самиот паѓа во неа“Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека улогата на природниот… Read more: Путин ѝ порача на Европа: „Кој копа дупка за друг, самиот паѓа во неа“
- Дронови погодија брод во близина на бугарскиот брегКонтејнерскиот брод CONTSHIP JET, кој пловел под либериско знаме, бил… Read more: Дронови погодија брод во близина на бугарскиот брег
- Доаѓа неверојатен пресврт: 2 хороскопски знаци добиваат вести што им го менуваат животот од коренЕсента пристигна, а со неа и силна космичка енергија која… Read more: Доаѓа неверојатен пресврт: 2 хороскопски знаци добиваат вести што им го менуваат животот од корен
- Трамп потврди: Путин и Зеленски ќе се сретнатАмериканскиот претседател Доналд Трамп изјави денес дека очекува наскоро да… Read more: Трамп потврди: Путин и Зеленски ќе се сретнат
Истражувачите го симулираа потенцијалното економско влијание на порастот на нивото на морето во 271 европски регион од сега до 2100 година, во сценарио кое претпоставува високи нивоа на штетни емисии и без мерки за заштита на крајбрежјето.
Според тоа сценарио, Италија би била меѓу најтешко погодените земји.
Целните инвестиции во логистиката, јавните услуги и градежништвото би можеле да ги намалат потенцијалните економски загуби од порастот на нивото на морето, заклучуваат научниците.
Истражувањето го спроведе холандскиот технолошки Универзитет „Делфт“ во соработка со Европскиот Институт за економија и животна средина во Милано и Универзитетот „Ка Фоскари“ во Венеција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



