На Европа ѝ се заканува нова епидемија!? Експертите се загрижени: „Можеме да очекуваме повеќе случаи, а можеби и смртни случаи“

Болестите што ги пренесуваат комарците, како што се маларијата и денга треската, се шират низ светот, особено во Европа, поради климатските промени. Имено, глобалното затоплување ги фаворизира условите во кои живеат комарците, а експертите се загрижени за последиците што тоа може да ги донесе.„Светот мора да биде подготвен за ненадејно зголемување на овие болести. Глобалното затоплување значи дека векторите на маларија и денга треска можат да најдат живеалишта во повеќе региони, во области каде што луѓето веројатно ќе бидат имунолошки незаштитени и системите за јавно здравје неподготвени”, рече прпф. Лоу, пишува Гардијан.Денгата првенствено се шири во тропските и суптропските региони, но подолгите лета и поблаги зими значат дека оваа вирусна болест ќе стане позастапена во Европа.Азискиот тигрест комарец (Aedes albopictus), е носител на денга треска и од 2023 година стана дом во 13 европски земји: Италија, Франција, Шпанија, Малта, Монако, Сан Марино, Гибралтар, Лихтенштајн, Швајцарија, Германија, Австрија, Грција и Португалија.Бројот на случаи на денга пријавени до Светската здравствена организација (СЗО) се зголемил за осум пати во последните две децении, од 500.000 во 2000 година на повеќе од пет милиони во 2019 година.Размножувањето на комарци е фаворизирано и со тоа што сушата е проследена со сезона на поплави, која е поврзана и со климатските промени.„Лекциите од претходните епидемии ја нагласуваат важноста од проценка на идните ризици и подготовка за непредвидени ситуации“, рече Лоу.Таа рече дека ако продолжи сегашната траекторија на високи емисии на јаглерод и раст на населението, бројот на луѓе кои живеат во области со болести пренесени од комарци ќе се удвои на 4,7 милијарди до крајот на векот.„Можеме да очекуваме да видиме повеќе случаи, а можеби и смртни случаи од болести како што се денга треска и маларија низ континентална Европа. Мораме да ги предвидиме избувнувањата и рано да интервенираме за да спречиме болести“, предупреди Лоу.

Пронајдете не на следниве мрежи: