На Запад ништо добро: Секој петти Германец е во опасност од сиромаштија или социјална исклученост

Секој петти Германец, или 21,2 отсто од населението, минатата година бил во ризик од сиромаштија или социјална исклученост, објави денеска на својата веб-страница германската федерална канцеларија за статистика Дестатис.Поточно, сиромаштијата или социјалната исклученост претставуваат закана за 17,7 милиони Германци, се додава во соопштението.Приближно 14,3 отсто од германското население било во ризик од сиромаштија во 2023 година, а 6,9 отсто биле погодени од „значителна материјална и социјална депривација“.Споменатите 6,9 отсто од населението, или 5,7 милиони луѓе во Германија, не беа во можност да си ги платат сметките за кирија, хипотека или комунални услуги , да си дозволат еднонеделен одмор, да го заменат истрошениот мебел или да излегуваат да јадат или да се напијат еднаш месечно со пријателите или семејство.Институтот за статистика Дестатис наведува дека според последните податоци од 2022 година, 7,2 милиони жители на Германија добиваат минимална социјална помош. Повеќето од Германците кои добиваат помош, 1,9 милиони од нив, живеат во регионот Северна Рајна-Вестфалија, чиј главен град е Дизелдорф.Бројките за сиромаштијата во Германија се главно непроменети од 2022 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: