На Зоки Кичеец вчера му се слошило: Од “Шутка“ префрлен на Кардиологија

Зоран Милески или познат како Зоки Кичеец од вчера попладне е пациент на Кардиологија, дознава “24 инфо“. Кичеец е сместен во еден од апартманите на Клиниката, а друштво му прават неколкумина припадници на МВР.
-Полиција вечерва имаше и на влезот на Клиниката за кардиологијано и низ целиот Клинички центар “Мајка Тереза“. Неофицијално, на Кичеец вчера му се слошило, по што бил пренесен од истражниот затвор Шутка на Клиниката за кардиологија, пренесува телевизијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.