четврток, 26 ноември 2026
Најново

На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Претседателот Иванов ги повика граѓаните на 2 август да дојдат на Мечкин Камен во Крушево на државната прослава на Илинден каде што тој ќе има свое обраќање.
Тој испраќајќи ги коњаниците во петокот, потенцираше дека слободата не се освојува еднаш, туку секој ден и постојано.


– Ја користам оваа прилика, во предвечерјето на нашиот најголем и најсветол празник Илинден, да упатам еден повик. Ги повикувам македонските граѓани од сите краишта на нашата татковина Република Македонија, во што поголем број да дојдат во Крушево.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Да дојдат во нашата прва македонска република, да се искачат на Мечкин Камен, за заедно да ги пречекаме овие храбри и посветени коњаници. Да ги пречекаме и да го поздравиме нивниот истраен и незапирлив марш кон слободата. Бидејќи слободата не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг и низ секој изгрев што нè осветлува – порача Иванов.

Поврзани вести