На Кија Коцкар и пуштија нервните „кочници“: „Анабела ми правеше страшни работи за кои никој не знае“

Победничката на првата сезона на „Задруга“, Кија Коцкар проговори за Анабела Атијас и Луна Ѓогани кои моментално се во реалното шоу и пред целата јавност ги откриваат тајните на нивното семејство.
Како што вели Кија, нејзиниот поранешен сопруг, Слоба Радановиќ не и се јавува, а и е мака да го гледа реалното шоу.
„Гледам Задруга, но пола од работите морав да престанам да ги гледам, ми беше мачно да го гледам понашањето кон ќерката, да ја нарекува кучка. Гаги исто така е насилник, Луна е катастрофа. Според мене, сите тие се оштетени на некој начин и ова не им требаше. Не може да се договорат кој е виновен, дали некој ги наместил, но тие се бираа. Анабела се прави дека е светица. Својот отров не треба да го фрлаш по другите луѓе“ вели Кија за Телеграф, па додава:
„Ја разделуваш ќерката од слободен маж, а ја подржуваше што имаше интимни односи со оженет. Тој е многу подобар од претходниот. Ми правеше гнасни работи за кои никој не знае“ додава Коцкар.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.