На кои масти треба да внимавате?

Мастите се неопходни за нашето здравје, за нашиот организам правилно да функционира. Тие ја одржуваат кожата мека и сјајна, потребни се за разложување на одделни витамини, претставуваат одличен извор на енергија, ги градат клетките и ги штитат нервите.
Сепак, одделни масти може негативно да влијаат на нашето здравје. Еве што ни кажуваат научните истражувања за секоја од нив.
Постојат три групи маснотии кои ги користиме во исхраната. Незаситените, заситените и транс мастите. Како најздрави, научниците ги наведуваат незаситените масти, кои се од растително потекло и од риба. Значи тие се т.н. добри масти, додека лошите се заситените масти од животинско потекло и транс мастите. Транс мастите, пак се среќаваат во минимални количини во животинските масти, како говедско, јагнешко и овчо месо, но најчесто може да се најдат во готовите слатки, грицки и печива, што содржат хидрогенизирани масти.


Со кои масти треба да бидеме поумерени?
Заститените и транс мастите го зголемуваат холестеролот во крвта и тоа оној лошиот, при што може да дојде до згрутчувања во крвните садови и до зголемување на ризикот од срцеви заболувања.
Заситените масти се оние од животинско потекло, се наоѓаат во месата, млечните производи, но и во некои растителни масти како палмовото и кокосовото масло, потоа ги има во разните видови готови прехранбени производи: бисквити, печива, брза храна, колачиња, кои имаат во својот состав путер, палмово масло (најчесто именувано како растително масло).
Заситените масти иако според разни студии уште во 70-тите години од минатиот век, беа класифицирани како ризични за нашето здравје, според новите истражувања таа улога денес ја презедоа транс мастите. Денес заситените масти научниците велат дека може да се консумираат, но умерено, додека за транс мастите се препорачува да се консумираат во
минимални количини.
Консумирајте производи со ознаки „Без хидрогенизирани масти“
Последните неколку децении, откако се откри штетното дејство на транс мастите врз срцевите
заболувања, државите во светот започнаа да ги избегнуваат хидрогенизираните масти во процесот на производство. Така денес, ќе видите многу производи со ознаки „Без хидрогенизирани масти“. Тоа значи дека продуктот не содржи масти кои се подложени на целосна или делумна хидрогенизација поради што не содржат транс масти или истите се
сведени на минимални количини. Класичен пример за ова е маргаринот, кој претходно беше дефиниција за хидрогенизирани масти, а денес со новите производствени процеси речиси и да не содржи транс масти, има дури и помалку од путерот.
Внимателно со путерот и кокосовото масло!
За оние кои се придржуваат до одредена диета или кои внимаваат на своето здравје, треба да внимаваат на путерот и производите кои го содржат, бидејќи е богат со заситени масти (50%) и транс масти 4% на 100 г путер.
Подобар избор е на пример маслиновото масло, авокадото, лененовото масло, сусамов таан и сл. Уште еден продукт со висок процент на заситени масти во себе е кокосовото масло со дури 95% и е подобро да се замени со друго растително масло или да се намали неговото консумирање..

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.