На Лукас му го запленуваат имотот: Фолкерот и неговата поранешна жена во сериозен проблем, причината е Туцаковиќ

Пејачот Аца Лукас е во голем проблем поради долговите кои не ги исплатил, а поради кои Марина Туцаковиќ и нејзиниот сопруг го тужеле.
Извршители затропале на врата заради заплена на имотот, а во целата приказна најлошо поминала Соња Вуксановиќ, бидејќи Аца се уште е пријавен на адресата на која таа живее.
Соња на извршителите им кажала дека се во станот е нејзино, а извршителите, со оглед на тоа дека се упатени во целата ситуација дека парот веќе не живее заедно, барале Соња да им достави докази дека таа ги купила.


Тие во таа прилика ги попишале работите како компјутер, фрижидер, шпорет и друг мебел, после што Соња му се јавила на Лукас и му рекла ведаш тоа да го регулира, како не би ги однеле нејзините работи во вредност од 100.000 евра.
Марина Туцаковиќ веќе се има огласено по тој повод во медиумите и има кажано дека го има добиено спорот против Лукас, согласно кој тој треба да и исплати отштета.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.