На мажите им се доволни само 4 минути да се заљубат!

Сите ние, мажи и жени, можеме да ги почувствуваме истите емоции кога станува збор за љубовта, но самиот процес на заљубување е различен. Кога жените се заљубуваат, тие чувствуваат изливи на среќа измешана со други емоции кои мажите не можат да ги сфатат. Од друга страна пак, мажите кога се заљубуваат минуваат низ друг процес.
На мажите им се доволни само 4 минути да се заљубат!
Во 1997 година, еден психолог од Њујорк направил истражување во кое испитаниците морале да одговорат на 36 претходно подготвени прашања, а потоа 4 минути да се гледаат во очи. Дали успеале овие странци да се заљубат? Да! Не само што се родила љубов помеѓу некои од нив, туку тие и се венчале по 6 месеци.
Теоријата на Артур Арон била документирана на Јутјуб, во која паровите имале за задача да се гледаат во очи 4 минути. Погледнете како реагирале испитаниците:

Како што е прикажано во видеото, за 4 минути странците изградиле врска. Тие ги откриле своите чувства кон личноста која седи спротив нив и за 4 минути почнале да чувствуваат емоции кои воделе кон заљубување. Таквото интимно искуство може да ја разбуди страста и желбата. Главната идеја на оваа студија била да докаже дека две личности треба да се отворат и да сакаат за изградат врска.
Клучниот предуслов за заљубување бил одговорите на 36-те прашања, од кои се дознаваат многу работи за странецот за кои не може да се дознае дури и по повеќегодишна врска. Прашањата ги опфатиле сите сфери од нивниот живот, од семејството до омилениот филм.
Поминало повеќе од 20 години откако Артур го направил ова истражување, но тоа не го менува фактот дека паровите кои ја тестираат оваа теорија, се заљубуваат. Тоа покажува дека теоријата на заљубување од 4 минути навистина функционира!
Доколку сте во долга врска, испробајте го овој тест со вашиот партнер. Можете да дознаете нешто што не сте го знаеле. Ако се спроведе оваа студија на вистински партнери кои се во долга врска, резултатите можат да бидат уште подобри. Затоа, ова е добар начин за да ги разбудите вашите чувства и да ја освежите романтиката во врската. Во секојдневниот живот често забораваме колку е важен разговорот, затоа вреди да се одвои малку време и да се одговорат прашањата кој ги подготвил психологот Артур.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.