На некогаш најскапиот фудбалер на светот му се заканува ненадеен и срамен крај на кариерата !?

Италијанските спортски обвинители побараа четиригодишна забрана за игра за францускиот играч од средниот ред на Јувентус, Пол Погба, кој беше обвинет за допинг, објавија италијанските медиуми во четвртокот.

„Не се рекламирајте на проруски медиуми на Балканот“: Европратениците им пишаа на Лидл, Кока-Кола и други компании
Големите брендови како Лидл, Кока-Кола и Лореал мора да престанат да се рекламираат на проруските медиуми на Балканот, им порачаа членовите на Европскиот парламент на компаниите во писмо, објави Политико. Во својот одговор, Lidl …
Часовникот на најбогатиот патник на Титаник е продаден за 1,2 милиони фунти
Златен џебен часовник кој му припаѓал на најбогатиот патник на Титаник, Џон Џејкоб Астор IV, е продаден на аукција за рекордни 1,2 милиони фунти.Аукциската куќа Henry Aldridge & Sun продаде џебен часовник од 14 …

Пол Погба беше суспендиран во септември, откако на тестот на италијанската национална анти-допинг организација излезе позитивен на тестостерон, хормон кој ја зголемува издржливоста кај спортистите, а тестот беше спроведен на 20. август по победата на Јувентус од 3:0 на отворањето на сезоната во Серија А против Удинезе.

Неговиот позитивен допинг тест беше потврден во контра-анализа на друг примерок во октомври. Доколку судот го прифати барањето на обвинителот, тоа може да значи и крај на кариерата на некогаш најскапиот фудбалер на светот, кој сега има 31 година.

Да потсетиме, Пол Погба во 2016 година се пресели од Јувентус во Манчестер Јунајтед за 105 милиони евра обештетување, што беше најголемиот трансфер во фудбалската историја.

Пронајдете не на следниве мрежи: