На никој ништо не можеш да му докажеш…затоа…

Цел живот може да ни помине во докажување дека сме доволно добри. На крајот всушност за никој не сме доволно добри.
Од каде потребата на некој нешто да му докажуваме?
Да го земеме примерот, докажувањето- ‘Јас сум добар’.
Многу добри луѓе ја имаат таа потреба. Веројатно тоа потекнува од детството, кога на родителите никогаш не им бевме доволно добри. Што и да направевме, според нив можеше многу подобро. И така ни останува ‘програмата’ дека не сме доволно добри, мора да се потрудиме за да бидеме ‘доволно’ добри.
Имаме страв- не сум добра мајка/ татко, син/ ќерка, итн. Не сме ниту свесни дека цел живот поминува во потреба да им се докажуваме на другите, дека сме доволно добри. Поентата на сето тоа е дека на никој не му сме добри.
Всушност, на никој не можеме да му докажеме ништо. Секој има своја логика, според која ќе прифати или отфрли она што ќе го кажеме. Со докажувањето само додаваме аргументи, врз основа на кои некој ќе не’ прифати или не. Значи, самиот процес на докажување не оди на тој начин и во тој смер, на некој нешто да му докажуваме. Тој се движи во сосем друг смер.
Тука е важно нешто друго: кога некој нешто истакнува, тоа го прави не за да добие нешто на значење, туку нешто друго да ‘покрие’. Тоа што треба да се скрие, често е во врска, со она што се истакнува.


Докажувањето е ментална работа и доаѓа од умот, размислувањето, анализата, обид да се објасни и слично.
Менталното дејство обично служи само како додаток на случувањата, односно некој вид однесување, а не делува на самото случување.
Потребата за докажување доаѓа од улогата на жртва. Една од лошите последици е тоа што ни останува таа улога на жртва како нормална. Ментално разбираме дека тоа не е во ред и се обидуваме на другите да им се докажеме, дека не сме жртви, а всушност има разни начини тоа само да го пренесеме.
Поголемиот број на луѓе размислува, што ќе речат соседите, роднините, пријателите, шефот на работа…. ако тоа го направам? Тоа се однесува на нешто што треба да се направи за себе. Тие луѓе се секогаш внимателни, за да не ги повредат другите. А најчесто ги повредуваат.
Токму поради таквиот пристап на едниот, другиот го привлекува нешто лошо, што го гледа на таа личност и ќе врати со лош одговор. Па, првата личност се прашува- каде погрешив?
Токму тоа, не се држи до себе, туку до другиот. Не се прифаќа себеси, туку над својата слободна волја, ја става волјата на другите и тие тоа го користат. Тоа не значи дека треба да се биде бескрупулозен, асоцијален или слично.
Тоа се нивоа на стравови, улога на жртва и последицата од тоа, односно последицата, од докажувањето дека сме добри во секој поглед.
Тука доаѓаме до уште една народна мудрост: ‘Никој не се родил, на сите да им угодува’.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.