Според странските медиуми, на Ник Рајнер му била дијагностицирана шизофренија пред убиството на неговите родители Роб и Мишел Рајнер.
Имено, според TMZ, во неделите што доведоа до убиството на неговите родители, Ник се однесувал „непредвидливо и опасно“.
Два извори потврдија за овој медиум дека Ник бил под надзор на психијатар поради неговата ментална болест, но дека во месецот пред убиствата на неговите родители, однесувањето на Ник станало „алармантно“.
Исто така, се наведува дека лекарите му ги смениле лековите на Ник околу три до четири недели пред убиството со надеж дека неговата состојба ќе се стабилизира, а тоа на крајот довело до ненадејна промена во неговото однесување. Покрај тоа, употребата на дрога ја влошила неговата состојба со шизофренија.
Ник неодамна се лекуваше во центар за рехабилитација во Лос Анџелес, специјализиран за ментални болести и зависност од дрога, што чинеше 70.000 долари месечно.
Тој е обвинет за две убиства, со тврдење за повеќекратни убиства под посебни околности, и може да се соочи со доживотен затвор доколку биде осуден. Ник не се изјасни за виновен на краткото рочиште во среда.
За потсетување, според судскиот испитувач на округот Лос Анџелес, Роб Рајнер и Мишел Рајнер починаа на 14 декември од повеќекратни повреди од тап предмет.
The post На Ник Рајнер му била дијагностицирана шизофренија пред да ги убие родителите: Се однесувал непредвидливо и опасно appeared first on Во Центар.



