На Попова Шапка повеќе од еден метар снег

Повеќе од еден метар снег е измерен утрово на Попова Шапка. Во Маврови Анови се измерени 83 сантиметри, во Пожаране 58, во Крушево 52, во Лазарополе 51, во Тетово 32, Скопје – Петровец 31 , во Ѓуриште 28 , Демир Капија 24 , во Дебар 22, Битола 20, Скопје – Зајчев рид 15, Охрид 11, во Крива Паланка, Прилеп, Струмица и Куманово 10 , во Штип и Претор 9, Виница 5, Берово 2, Дојран 1.
Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, најстудено утрово било во Маврово и Попова Шапка каде се измерени – 8 степени Целзиусови. Во Скопје утрово се измерени -3 степени, а најтопло било во Гевгелија, Берово и Дојран каде температурата била 0 степени.
Во текот на ноќта наместа, особено во јужните делови, имаше обилни врнежи кои во поголем дел од земјава беа од снег. Кон утринските часови интензитетот на врнежите се намалуваше, а наместа врнежите престанаа. Врнежи од снег со слаб до умерен интензитет утрово има во крајните јужни, источни и северозападни делови. На повисоките места и долж Повардарието дуваше умерен до засилен северен ветер.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.