четврток, 12 ноември 2026
Најново

На пратеникот Сашко Јанчев од Левица му се одземаат возачката и патната исправа – прифатени мерките по сообраќајката

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Судија на претходна постапка при Кривичниот суд во Скопје ги прифати мерките на претпазливост што ги предложи Обвинителството за пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, кој е осомничен за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот.
Со одлуката, на Јанчев привремено му се одземаат патната исправа и возачката дозвола, со што му се ограничува можноста да ја напушти државата и повторно да управува моторно возило. Целта на ваквите мерки е да се обезбеди негово присуство и непречено водење на кривичната постапка.
Јанчев е осомничен за сообраќајната несреќа што се случи во неделата по полноќ во село Марино, кога управувајќи со „Хјундаи тусон“ удрил во мопед „Јијинг“ управуван од 16-годишен малолетник. Од судирот тешко беа повредени возачот на мопедот и неговата 13-годишна сопатничка, додека полесни повреди доби сопатникот на Јанчев.
Според извршените анализи, ниту еден од возачите не бил под дејство на алкохол или други супстанции. Автомобилот и мопедот се подигнати за вонреден технички преглед, а во тек е и сообраќајно вештачење

Поврзани вести