На премиерот Заев му требал одмор, затоа не присуствувал на инаугурацијата на Пендаровски

Во очите на јавноста на вчерашната инаугурација на претседателот Стево Пендаровски падна отсуството на премиерот, Зоран Заев. Му забележија што одлучил да користи слободни денови токму во период кога се случува толку важен државен настан. На свеченоста беа присутни претседатели и високи функционери од регионот, поради што отсуството на Заев се толкува како голем пропуст.
Тој се огласи во врска со ова објаснувајќи дека единствената причина што не присуствувал на инаугурацијата е тоа што сакал да одмори.
–Имам право на одмор. И ми треба малку да се одморам. Никаква друга причина нема, изјави Заев за ТВ “Телма“.
На церемонијата не беа присутни ниту лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски, ниту противкандидатите на Пендаровски, Гордана Сиљановска Давкова и Блерим Река.
Мицкоски, Сиљановска Давкова и Река не биле поканети затоа што „Собранието не кани лидери на политички партии кои не се пратеници, ниту пак противкандидати кои ги изгубиле изборите“, велат од кабинетот на Џафери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.