На сајтот на Владата јавно достапни документите потпишани при посетата на Ципрас

Потпишаните документи при неодамнешната посета на грчката делегација на чело со премиерот Алексис Ципрас на Северна Македонија денес ќе бидат објавени на веб страницата на Владата. На страницата vlada.mk јавноста ќе има пристап во оригинална верзија до Акцискиот план, што го потпишаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, документ пропишан и во Преспанскиот договор, со структура на целата идна соработка во девет области во однос на примената на договорот.
– Ќе биде објавен и Меморандум за соработка во ЕУ, потпишан од вицепремиерот за европски прашања ,Бујар Османи и алтернативниот министер за надворешни работи за ЕУ од грчка страна. Со тој документ се утврдуваат сите идни соработки во однос на искористеност на ЕУ фондови, претпристапни преговори и “ноу хао“ што Грција ќе ни го овозможи на нас во рамки на нашиот пат кон ЕУ“, соопшти владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.