сабота, 28 ноември 2026
Најново

На турскиот милијардер му беше тешко да ја освој, а сега Емина Јаховиќ откри зошто никогаш повеќе нема да се омажи

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Пејачката Емина Јаховиќ оваа година му стави точка на бракот со турскиот пејач Мустафа Сандал со кого има и две деца, откако во јуни годинава по 12 години брак судски се разведоа.
По бурниот период таа пронајде утеха во милијардерот Седетин Саран, а по ова се појавија гласини дека пејачката повторно ќе се мажи.
Но, Емина по ова за српските медиуми реши да даде изјава и да одговори зошто никогаш повеќе нема да се омажи: 
-Мене е тешко да ме освој човек, имам малку врски во животот и тоа може да биде само маж кој ме сака и почитува. Не размислувам за венчавка и не сакам повеќе да се венчам. Зошто жена која се остварила како мајка и поминала развод повторни би рекла „ДА“? Заради што?, прашува Емина и додава дека од секогаш сакала да има ќерка и дека можеби еден ден таа ќе присвои девојче кога ќе ги постигне своите работни планови и амбиции.

Поврзани вести