На 12 јуни почнуваат преговорите со ЕК за роаминг како дома

На 12 јуни државите од Западен Балкан ќе имаат состанок со Европската комисија за иницијативата „роаминг како дома“. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека процесот го чекаме подготвени и дека е добро што секоја земја преговара за себе што значи дека побрзо ги исполниме условите, толку побрзо ќе ги користиме бенефитите.

–  По одлуката на Советот на ЕУ да го одобри почетокот на преговорите со земјите од Западен Балкан во насока на проширување на режимот „роаминг како дома’“ Европската комисија ќе започне секторски преговори со секоја од земјите поединечно. Преговорите ќе бидат засновани врз Договорот за стабилизација и асоцијација. Секторските договори ќе ја воспостават институционалната рамка за нивна имплементација, управување и следење, со тоа ќе се создаде правен и институционален механизам преку кој ќе може да се регулира реципрочното отворање на пазарот за роаминг помеѓу ЕУ и земјите од Западен Балкан“, изјави денеска Андоновски.
Според Андоновски, веќе е формиран преговарачки оттим составен од претставници на повеќе надлежни институции.
The post На 12 јуни почнуваат преговорите со ЕК за роаминг како дома appeared first on Provereno.

Пронајдете не на следниве мрежи: