Неверојатен напор на научниците: Го спасија видот од истребување

Вид на мал полжав со големина на копче, за кој се стравуваше дека е исчезнат во своето живеалиште на Бермудските Острови, повторно напредува откако научниците одгледаа и ослободија повеќе од 100.000 мекотели, објави „Гардијан“.

Се верувало дека видот исчезнал од Северноатлантскиот архипелаг, сè додека не била откриена остаток од популацијата во оддалечен дел од главниот град на островот Хамилтон во 2014 година.

По децениски меѓународен напор од страна на владата на Бермудските Острови и зоолошката градина Честер во Велика Британија, каде што илјадници полжави биле одгледувани пред да бидат транспортирани назад на островите, видот е потврден како безбеден од истребување.

„Сонот на секој конзерватор е да помогне во спасувањето на цел еден вид и токму тоа го направивме. Потврдата дека ги спасивме е доказ за улогата што зоолошките градини можат да ја играат во спречувањето на истребувањето на еден вид“, рече експертот за зоолошки градини Тамас Пап.

Во зоолошката градина во Честер, чуварите ги адаптирале постојните методи за одгледување полжави за да создадат најдобри услови за размножување, чувајќи ги во специјално дизајнирани капсули.

Научничката од канадската компанија „Биолинкс енвироментал рисрч“, Кристина Оваска, истакна дека спасувањето на полжавите е важен дел од обновувањето на деградираните екосистеми.

The post Неверојатен напор на научниците: Го спасија видот од истребување appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: