На вечерашниот натпревар против Барнли, привремениот тренер на Манчестер Јунајтед, Дарен Флечер, има можност да направи историја и да воведе двајца од своите синови во играта.
Флечер привремено ја презеде клупата на гигантот од „Олд Трафорд“, кој се бори за победа, и ќе го има своето деби на гостински терен против Барнли вечерва. Тој одлучи да ја преземе загреаната клупа и да го изгаси „огнот“ по отпуштањето на Рубен Аморим.
Но, интересно е што неговите два сина, Џек и Тајлер, играат за младинските тимови на Манчестер Јунајтед, се големи таленти и чукаат на вратата на првиот тим.
Всушност, постариот син Џек веќе настапи во три натпревари од Премиер лигата за Јунајтед под водство на Аморим оваа сезона, додека Тајлер сè уште го чека своето деби.
А вршителот на должноста менаџер на Јунајтед, Дарен Флечер, ги држи навивачите во неизвесност околу тоа дали некој од неговите играчи од средниот ред ќе настапи против Барнли на „Тарф Мур“.
“They were in the training group on Monday because that was already arranged before I got there. They’ve been in the squad recently, but obviously we’ve got a couple of players back from injury…”Darren Fletcher on his sons, Jack and Tyler #MUFC pic.twitter.com/qw7NYZZJoP— Stretford Paddock (@StretfordPaddck) January 6, 2026
„Нема да ви откривам ништо. Тие се дел од групата и тренираа во понеделник, тоа беше договорено уште пред да дојдам таму. Тие се во тимот неодамна“, рече Флечер.
Браќата Флечер се два големи таленти во академијата на Јунајтед и сигурно ќе сакаат да се покажат во најдобро светло на вечервашниот натпревар, особено ако нивниот татко ги внесе во играта.
Ова ќе влезе во историјата затоа што во елитниот светски фудбал, еден татко знаеше како да го искористи едниот од своите синови на натпревар, но не и двајца.
The post Невидена ситуација: Новиот тренер на Манчестер Јунајтед може да испрати два сина на теренот appeared first on Во Центар.



