Невил ќе замине од Евертон

Капитенот на Евертон, 36-годишниот Фил Невил, по завршувањето на сезоната ќе замине од тимот, откако клубот потврди дека нема да го продолжи договорот со искусниот фудбалер.

Поранешниот англиски репрезентативец во Евертон пристигна во 2005 година од редовите на Манчестер Јунајтед. „Сакам да играм на високо ниво што е можно подолго и ќе ги разгледам сите опции пред да ја донесам одлуката каде да ја продолжам кариерата“, рекол Невил.Искусниот фудбалер во летниот период ќе биде дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Англија до 21 година, кој ќе учествува на Европското првенство во Израел.
Макфакс
Капитенот на Евертон, 36-годишниот Фил Невил, по завршувањето на сезоната ќе замине од тимот,

Пронајдете не на следниве мрежи: