четврток, 12 ноември 2026
Најново

Невреме беснее во регионот- Следните 24 часа „Андреа” доаѓа и во Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Во следните 24 часа нашата територија се очекува позначително да подпадне под влијанието на „Андреа“ па така се очекуваат нови поинтензивни врнежи од дожд и значително количество на воден талог ( локално над 50 л/м2). Локално ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека на некои места процесите се очекува да бидат поинтензивни и застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, електрични празнења и појава на град па токму поради ваквата ситуација крајна претпазливост и во случан на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Доста нестабилно време ќе се задржи и во следните денови со што и понатаму ќе се зголемува количеството на воден талог па така има услови за локални поплавувања но и за зголемувања на нивоата на реките и на езерата низ Македонија а можно е и локално нивно излевање.
Инаку пак „Андреа“ во регионот направи огромни штети и предизвика поплави и излевање на реките а полека на високите места врнежите од дожд поминуваат во снег со што се очекува и формирање на нова снежна покривка а температурите на воздухот значително ќе се намалат. Снег на најнвисоките планини се очекува да падне и во нашата држава.
Инаку во следните 24 часа предупредување за опасност за невреме и за локални поплавувања има и од Европскиот центар за бури.

Поврзани вести