Невреме го погоди Белград

Главниот град на Србија, Белград попладнево беше погоден од силно невреме.
Како што пишува Блиц, белграѓани во текот на денот уживале во пријатните 29 целзјусови степени, но како што било најавено во временската прогноза, градот бил погоден од силен дожд.
На левата страна од крајбрежјето на Дунав и во центарот на градот паѓал и град со големина на лешник.
Републичкиот хидрометеоролошки завод издал портокалово предупредување, со напомена дека во Белград се очекуваат локални дождови и грмотевици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.