Негредо со три гола ја урна Селта

Екипата на Севиља ја победи Селта со 4:1 во последниот натпревар од 26.коло во фудбалскиот шампионат на Шпанија. Мечот мина во знакот на Алваро Негредо кој беше стрелец на три гола за Севиља.

Негредо првиот гол го постигна во 13.минута, истиот играч зголеми на 2:0 во 29.минута, а до крајот на првиот дел Селта, преку Фернандез намали на 2:1. Во второто полувреме Севиља постигна уште два гола, најпрвин Медел стрелаше прецизно во 66.минута, а конечниот резултат, со својот трет гол го постави Негредо во 68.минута. Севиља со оваа победа се искачи на 10-то место на табелата, додека Селта се наоѓа во опасната зона, на 18-та позиција.
Макфакс
Екипата на Севиља ја победи Селта со 4:1 во последниот натпревар од 26.коло во фудбалскиот шам

Пронајдете не на следниве мрежи: