Неисправни сопирачки и преголема брзина – главни причини за несреќата кај Ласкарци

Неисправните уреди за сопирање на автобусот и возењето над дозволената брзина се главните причини за несреќата кај Ласкарци, поради што ОЈО поведе постапка против седум лица, кои се приведени во полициска станица. Приведени се сопственикот на „Дурмо турс” и возачот на автобусот.
Јавниот обвинител Сашо Рајчев на денешната прес-конференција рече дека ОЈО ќе побара притвор против нив и да им бидат одредени мерки на претпазливост.
– Вештачењето покажа дека главна причина за несреќата се неисправноста на уредите за сопирање на автоубост и поголемата брзина на возење над дозволената поради што изгубил контрола врз автобусот. Возачот возел 99 километри на час, а дозволената брзина е 80 километри, рече Рајчев, додавајќи дека вештачењето покажало оти возачот не користел мобилен телефон за време на несреќата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.