Некогаш најблиски сојузници, сега во трговска војна: Разговорите меѓу САД и Канада пропаднаа во последен момент

Преговорите меѓу Канада и Соединетите Американски Држави (САД) пропаднаа во петокот навечер пред крајниот рок на полноќ, по што стапија во сила американските царини од 50 проценти за некои канадски стоки.

Во текот на неделата, двете страни испратија оптимистички пораки дека може да се постигне договор и со тоа да се спречи активирање на нови американски мерки. Сепак, преговорите заглавија во последен момент, а канадскиот премиер Марк Карни изјави дека соседните земји не успеале да постигнат договор што ќе „ги исполни нашите цели“.

Потоа Карни објави дека Канада ги суспендира трговските преговори со САД и дека канадските преговарачи се враќаат во Отава.

„Како резултат на тоа, вечерва решив да ги прекинам трговските преговори со Соединетите Американски Држави и им наложив на канадските преговарачи да се вратат во Отава“, рече канадскиот премиер.

По истекот на рокот, стапија на сила царини од 50 проценти за канадска стока во вредност од 20 милијарди долари. Карни рече дека Отава ќе одговори со иста мерка за да ги заштити домашните работници и компании: „Канада ќе возврати на овие царини долар за долар за да ги заштити нашите работници и бизниси“.

Американскиот претседател Доналд Трамп, Карни и водечките трговски претставници на двете земји беа во директен контакт во текот на целата недела. Трамп претходно одобри тридневно одложување на воведувањето царини, но дури ни дополнителното време не беше доволно за да се постигне договор.
The post Некогаш најблиски сојузници, сега во трговска војна: Разговорите меѓу САД и Канада пропаднаа во последен момент appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: