недела, 15 ноември 2026
Најново

Некогаш слетуваше со хеликоптер, а вака Лепа Брена се појави на концертот во „Штарк Арена“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Лепа Брена вчера го прослави својот 58 роденден.
По повод нејзиниот роденден, но и 35 години кариера Брена одржа спектакуларен концерт во „Штарк Арена“ во Белград.
Пред 20 000 присутни пејачката ги пееше своите стари, но и своите нови хитови.
А Брена не е Брена ако нема шоу. Иако таа е позната по слетувањето со хеликоптер на сцена, сношти слета со ѕвезда од покривот на Арената.
Лепа Брена концертот го започна со својата нова песна „Болиш и не пролазиш“, а потоа се нижеа нејзините стари, но и нови песни.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

На концертот беа присутни и многу нејзини меѓу кои и Марија Шерифовиќ, Снежана Ѓуришиќ, модниот креатор Саша Видиќ, Александра Пријовиќ…


Концертот го заврши со песната „Ја немам други дом“, а при изведбата ја совладаа емоциите, па Брена се расплака.


Како поддршка на сцената излезе и нејзиното семејство.
Инаку, вечерва Брена ќе одржи уште еден концерт во „Штарк Арена“, а на 15 декември ќе одржи концерт во Скопје.

Поврзани вести