недела, 29 ноември 2026
Најново

Некои бебиња родени од мајки позитивни на коронавирус, веќе имаат антитела

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Научници од Британија откриле дека некои бебиња кои се родени од мајки позитивни на коронавирусот веќе имале антитела на болеста.
Доктор Патрик Обрајан, претседател на Кралскиот колеџ на гинекологија, вели дека мал број на новороденчиња развил имунолошки одговор на вирусот додека биле во мајчиниот стомак.
Антителата се произведуваат како одговор на инфекција, а имунолошкиот систем ги користи за да се одбрани од виросто доколку се врати во иднина.
IgM антителата кои телото ги прави кога првпат ќе се сретне со инфекција не може да бидат пренесени од мајката на бебето низ плацентата, што значи дека бебињата сами ги создаваат своите антитела.
Втората форма на антитела како што се IgG паметат што треба да се нападне со години и доколку дојде до истото заболување.
Ова укажува дека мајките го пренесуваат вирусот на бебето додека е тоа во стомакот. Ова откритие е објавено во голема научна студија во Велика Британија, а во која учествувале 427 бремени жени кои биле заразени со коронавирус.

Поврзани вести