За на вашиот организам да му овозможите квалитетно да функционира, односно адекватна здравствена состојба, треба да му помогнете да се исчисти од штетните хранливи материи и токсини.

Утрото започнете го со пиење на чаша вода, во која ќе додадете и сок од половина лимон
Многу е важно водата да биде на собна температура, бидејќи ладната вода може да го забави метаболизмот. Лимонот е богат со хранливи материи, посебно со витамин Ц и калиум, а тоа е исклучително важно за исфрлување на токсини од телото.
Јадете пилешка и говедска супа
Супата направете ја од пилешки или говедски коски, пожелно е да додадете и свеж морков и лук.
Избегнувајте конзервирани производи
Во овој период настојувајте да консумирате само свежи продукти, односно оние кои не се преработувани или конзервирани.
Консумирајте големи количини на свежо органско овошје






