понеделник, 30 ноември 2026
Најново

Неколку знаци кои откриваат дека внесувате премногу кофеин во вашето тело

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Колку шолји кафе дневно може да испиете без притоа да има последици во организмот?

Ако сте зависник од кафе, веројатно ве интересира што се случува во телото кога внесувате премногу кофеин. Постои максимална безбедна дневна доза на кофеин, тоа го утврди американската Управа за храна и лекови. Според оваа организација, консумацијата од 400 милиграми кофеин е безбедна за возрасните и не би требало да биде проследена со несакани ефекти.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Ова може да се каже дека е еквивалентно на околу 5 шолји кафе дневно.

Постои и долна безбедна граница, еквивалентна на 250 милиграми кофеин или 2 до 3 шолји кафе дневно.

Предозирање со кофеин се смета над 1200 милиграми дневно, а 600 милиграми се смета за вишок. Злоупотребата може да пројави несакани ефекти како нервоза, несоница, проблеми со дигестивниот систем, тахикардија, осип на кожата, црвенило на лицето и слично.

Важен факт е и појавата на анксиозност, некои луѓе сметаат дека кафето им предизвикува нервоза и вознемиреност без очигледна причина.